Во Мексикански Залив недалеку од брегот на ЊуОрлеанс, на еден километар под површината се крие мистериозно езеро.

Таинственото езеро е познато како „џакузи на очајот“, затоа што ги убива сите живи суштества кои ќе нурнат во него. Водата во ова езеро е 5 пати посолена од морската вода, а содржи и виска концентрација на метан поради што не се меша со морската вода која го опкружува.

Таквата концентрација на елементи е смртоносна за луѓето и животните, а во такви услови преживуваат само бактериите, скампите и црвите.

- Ова е една од неверојатните работи кои може да се пронајдат во морските длабочини. На дното на океанот гледате езеро и река која тече. Добивате чувство дека сте во некој друг свет - вели Ерик Кодс.

Размерот на езерото е околу 30 метри, а длабоко е 3,5 метри.

Тим од истражувачи предводени од Кодс зеле примероци од живи суштества кои се прилагодиле да живеат со толкава концетрација на сол и многу малку кислород.

- Овие суштества можеби се многу слични со оние кои ќе ги најдеме на другите планети - објаснува Ерик.

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа