Vip

Племето Дани кое живее во брдата на Западна Папуа, на 3.500 километри од Џакарта упорно одбива да се доближи до западната цивилизација.

Племето Дани живее по архаични правила, а германскиот фотограф Маркус Рот со нив минал една седмица, проучувајќи ја нивната култура.

Мажите го бојат своето лице и ставаат коски од животни во носот и ушите за да изгледаат страшно. Голи се, а на половите органи ставаат штитник во облик на рог.

Племенската традиција е воинствена, но денес се борат само симболично, за да ја одржат традицијата и да ја прослават плодноста на својата земја - секој август, ритуално војуваат со соседните племиња Лани и Јали. Најголемите воини имаат посебна чест.

- Една од најфасцинантните работи кај нив е мумијата Курулуа, стара 370 години. Тој бил најдобар воин, а неговата мумија во својата колиба ја чува еден човек и ја покажува со голема гордост. Војниците се наградуваат со ѓердан за секој убиен непријател, а најголемите меѓу нив ќе бидат мумифицирани - вели Рот.

papua01

Правилата за жените се побрутални - за секој умрен член на семејството жената мора да отсече прст, за да ја покаже болката која ја чувствува.

Владата неодамна го забранила тој ритуал, но постарите жени продолжуваат по старо. Мажите и жените живеат во одвоени колиби, готват на оган и разменуват производи со соседните племиња.

Кога нешто прославуваат, се забавуваат со музика од традиционалниот древен инструмент, кој го нарекуваат "пикон". Свињите им се многу вредни, па најголемата прослава е посветена токму за нив.

Фестивалот на свињите го собира не само целото племе, туку и нивните соседи, а колку повеќе свињи заколат - толку подобро поминуваат.

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila