Vip

Основачот на компанијата „Microsoft“ во Аризона купил земјиште вредно 80 милиони долари на коешто планира да изгради свој град.

Belmont Partners, компанија за трговија со недвижнини во сопствеништво на Бил Гејтс, неодамна купила огромна парцела, на осумдесет километри западно од градот Феникс, со големина од 10,1 илјади хектари кадешто има намера да изгради паметен град којшто ќе го нарече Белмонт.

Тие планираат тоа да биде заедница којашто гледа директно во иднината, со комуникациска и останата инфраструктура којашто ќе се базира единствено само на најновите технологии, осмислени на темелите на високобрзинските дигитални мрежи, податочните центри, новите технологии на производство, автономните возила и самостојните логистички центри - се вели во соопштението за јавноста од Belmont Partners.

Идејата е да се преобрази еден “празен простор во простор на којшто ќе функционира град според моделот на прилагодливата инфраструктура. Тој наводно ќе поседува простор за 80 илјади стамбени единици, 190 хектари за јавни училишта и повеќе од 320 хектари за канцеларии, маркети и останати деловни површини.

Новиот град ќе се наоѓа во близина на неодамна отворениот пат Interstate-11, чијашто траса би требало да минува низ саиот град, продолжувајќи понатаму кон Лас Вегас. Сепак, засега се уште не е познато кога може да очекуваме дека овој град ќе биде комплетно изграден.

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila