Vip

Семејството на британскиот истражувач, Бенедикт Ален, стравува за неговиот живот, откако исчезнал во зафрлена џунгла во Папуа Нова Гвинеја, каде за потребите на документарниот филм на "BBC" трагал по загубеното племе Јаифо, чии припадници се познати како ловци на човечки глави.

Весникот наведува дека 57-годишниот Ален во неделата требал да се врати во престолнината Порт Моресби, за да се качи на авион за Хонгконг, откако вчера требало да се одржи предавање во британското Кралско географско друштво.

Се наведува дека Ален пред поаѓањето во оваа авантура порачал преку Твитер и преку својот сајт, дека можеби некое време нема да се огласува, но неговото семејство сега стравува дека нешто лошо му се случило.

Агентката на Ален, Џоана Сарсби за Дејли Маил вели дека неговата сопруга Ленка е многу загрижена, и дека истражувачот, кој е татко на три деца, се обидувал да му влезе во трага на племето Јаифо, едно од ретките преостанати племиња на планетата кои немаат контакт со надворешниот свет.

Сарсби рекла дека племето Јаифо е "прилично застрашувачко друштво" и дека е многу чудно што Ален не се појави според предвидениот распоред.

"Telegraph" пак наведува дека Ален е многу искусен истражувач кој и претходно се движел меѓу домородни племиња, ја минал пустината Гоби и басенот на Амазон, а во една прилика бил принуден да го изеде своето куче кога се изгубил во прашума.

Ален претходно навел дека неговиот прв контакт со племето Јаифо пред 30 години, бил нивен прв контакт со надворешниот свет, и дека сакал да се врати за да "забележи кратко сведоштво за нивните животи".

- Можеби ќе пронајдам некои од оние кои ќе се сетат на мене. Ниеден странец не ги посетил од опасното патување на кое јас тргнав пред три децении -напишал истражувачот пред да тргне за Папуа Нова Гвинеја.

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila