
При првото читање на книгата или гледање на филмот луѓето се фокусираат на случувањата и текот на приказната, додека повторувањето на искуството овозможува концентрација на сите чувства кон содржината и уживањето во неа - објаснуваат од универзитетот Велингтон.
„Иако веќе сме запознати со фабулата, приказната уште повеќе ја цениме при второто читање“ - објаснува водителката на истражувањето, Кристал Антонија Расел.
Истиот ефект може да се примени и на познатите, традиционални дестинации за летување и тоа објаснува зошто сакаме постојано да се враќаме таму, бидејќи со секоја нова посета се засилуваат нашите чувства кон тоа место и кон искуствата кои таму сме ги доживеале. Поради тоа лушето не би требало да се двоумат дали повторно да читаат или да голедаат нешто „веќе видено“, бидејќи ако првиот пат уживале, вториот пат ќе уживаат уште повеќе - заклучува Расел.
Па, се согласувате ли со ова?
И.К | бркај работа
