
Покрај гумените пениси во четири различни облици, универзитетот нарачал 1500 лажни дојки во три ралични големини и 500 силиконски вагини.
Според управата на факултетот спорните предмети биле нужни за едукација на студентите по медицина, за да им се демонстрира начинот на пренесување на сексуално преносливи болести. И ова можеби ќе беше уверливо оправдување, но на целиот универзитет студираат само четириесетина идни лекари.
Полициските истражувачи се сомневаат дека ректорот на универзитетот користел државни пари за да купува работи кои потоа ги препродавал. Овој сомнеж бил потврден и со тоа што за 28-те илјади студенти универзитетот купил вкупно 400.000 столчиња!
Убав бизнис си имал човекот, нели?
И.К | бркај работа
