Патник на авиокомпанијата "Ryanair" би можел да се соочи со голема казна откако, заморен од чекање да го напушти авионот, одлучил да го искористи излезот кој е наменет за во случај на опасност и притоа завршил на крилото на авионот.

Авионот кој што летал на релација Лондон - Малага доцнел еден час, а откако се приземјил, на патниците не им било дозволено да излезат од авионот веднаш. Откако патникот излегол и застанал на крилото и носејќи ја својата торба, се обидел да скокне на пистата. Од екипажот реагирале и го задржале таму додека не пристигнала полицијата.

 Полицијата го идентифукувала како 57-годишен државјанин на Полска кој што живеел во Малага, а еден од патниците со својот телефон го снимил целиот инцидент и видеото подоцна го објавил на интернет. Мажот подоцна не бил уапсен, туку полицијата зела негови податоци, па сега шпанските медиуми пренесуваат дека го очекува висока парична казна.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа