Vip

Фотографот од Сингапур, Арам Пан, добил дозвола од севернокорејските власти, да го сними главниот град на оваа затворена држава од воздух. Тој во рамките на својот проект наречен "DPRK 360', прелетал над градот во мал авион, при што цело време го снимал и фотографирал градот во 360 степени.

Тој полетал од аероклубот "Мирим", кој бил изграден за севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, кој инаку е вешт пилот и често лета сам. Снимката нуди чудесен поглед на оваа затворена престолнина, која е дом за два милиони Севернокорејци, верни на озлогласениот режим кој земјата ја чува во изолација од остатокот од светот.

Од птичја перспектива се гледаат големите споменици од Ким Ил Сунг, но и од други високи кули и проекти на актуелниот лидер Ким Јонг Ун. Се гледа и водениот парк "Мунсу", како и сребрениот кров на "Меј Деј" стадионот. Има убав поглед и на реката Таедонг, која тече низ центарот на градот, а полињата изгледаат зелено и бујно.

Пјонгјанг изгледа како модерен и напреден град - токму како што и режимот сака светската јавност да го замислува.

Режимот на Ким е многу строг кога станува збор за тоа што им е дозволено на странците да видат. Владините чувари секогаш ги следат посетителите при нивната обиколка на градот, која инаку е строго ограничена, па рутите низ престолнината на Северна Кореја се секогаш исти.

Токму поради тоа, оваа снимка е единствена од ваков тип. Таа дава поглед на досега невидени делови на градот. Иако севернокорејските власти избришале некои негови фотографии, на сингапурскиот фотограф му било дозволено да објави 90 % од снимениот материјал.

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila