Германскиот овчар Оден го одбранил својот дом од крадец, а неговиот сопственик, тристан Марин од Вирџинија објавил морничавo видео кое е снимено веднаш по нападот.

Ѕидовите и вратите во куќата биле прекриени во крв бидејќи Оден го нападнал и изгризал натрапникот.

- Кој и да се обидел да влезе во мојата куќа си го заслужил ова. Не си играј со мене и со моите кучиња. Еве што се случило. Германски овчар е најдоброто куче кое можете да го имате - напишал Тристан под снимката која ја објавил на Фејсбук.

Кучето го нападнало крадецот додека тој се обидувал да избега.

Знаците на провала не биле видливи од надвор, а кога Тристан со семејството се вратил од одмор, сите биле шокирани од трагите од крв насекаде низ куќата.

- Мојот најдобар пријател Оден, кој е германски овчар, го заштити мојот дом и работите во него додека јас не бев тука. Моментално сум премногу горд на него. Ви препорачувам сите да си купите куче доколку немате - изјавил Тристан.

Претходно од оваа категорија:

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа