Vip

При напад на тинејџер-самоубиец во џамија во градот Муби, североисточна Нигерија, загинаа најмалку 50 луѓе.

– Нападот е изведен за време на утринската молитва, при што се повредени десетици лица, изјави портпаролот на полицијата Отман Абубакар,

Тој додаде дека стравува оти бројот на жртвите ќе биде поголем, бидејќи голем број лица се стекнале со сериозни повреди.

Се уште никој нема преземено одговорност за нападот, иако наликува на нападите на исламистичката терористичка група Боко Харам.

Групата Боко Харам е одговорна за убиството на повеќе од 20.000 луѓе од 2009 година, од кога се обидува да формира исламистичка држава во басенот на езерото Чад.

Извор: КУРИР

Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila