
„Анонимните“ објавија дека извршиле напад на Интернет страните на бизнис центарот за заштита на потрошувачите ФТК и Националната недела за заштита на потрошувачите.
Двете Интернет страни се заменети со видео запис на германски јазик, исмејувајќи го Трговскиот договор за борба против пиратеријата, познат како АКТА.
Договорот беше потпишан неодамна од неколку земји, но предвидените со него ограничувања предизвикаа големо протестно движење.
Извор: курир
