gototop

Претседателот на Венецуела Хуго Чавес изјави денеска дека неговата Влада е слободна да продава нафта на која било држава, избегнувајќи директно да одговори на прашањето дали е упатен танкер со нафта кон Сирија.

Чавес: Ќе продаваме нафта кому сакаме

На прашање дали продава нафта на Сирија, Чавес одговори:Дали некогаш сме прифатиле кој било да ни поставува услови за продажба на нафта на САД или која било друга држава. Ние сме слободни.

Западни медиуми јавуваат дека танкер со нафта вредна 50 милиони долари треба да пристигне во сириското пристаниште Баниас до крајот на неделата. Според нив, венецуелската компанија PDVSA испратила танкер со носивост од 47.000 тони нафта кон Сирија. Истиот танкер - Негра Иполита, извршил испорака на нафта во Сирија во ноември.

Извор: курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
mojot-grad
  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа