Деветгодишната Калиста Кордова ја освои Америка со својата неверојатна приказна која пред целата јавност ја раскажала на емисијата „Добро утро Америка“.

Благодарение на својата присебност таа успеала да побегне од киднаперот кој ја следел на патот кон училиштето и ја успеал да ја внесе во својот автомобил.
Приликата да побегне ја искористила кога му се расипал автомобилот и тој бил принуден да застане на една бензинска пумпа во Колорадо Спрингс.
Калиста побегнала од автомобилот и влегла во продавница и замолила да употреби телефон за да се јави кај својот вујко, но наместо тоа, девојчето се јавило во полиција и одбивало да ја напушти продавницата се додека не дојде некој по неа. По ова киднаперот Хосе Гарсија (29) се исплашил и побегнал.
„Борбеноста ја наследив од мојот татко“ – одговорила Калиста на прашањето за нејзината храброст и присебност и раскажала како татко и ја подучувал да се бори.
Токму таа борбеност и присебноста и помогнале да се да се врати кај семејството, а нејзините дела предизвикале почит и восхит кај припадниците на полицијата од Колорадо Сопрингс.
Шефот на полицијата за локалните медиуми изјавил дека Калиста е “многу, многу, храбра малда дама, која ги преземала вистинските чекори за да го спаси својот живот“.
Извор: курир
