Грчкиот весник То Вима пишува дека, и покрај тоа што прашањето на проширувањето на НАТО и приемот на Македонија нема да бидат на агендата на Самитот во Чикаго, грчката дипломатија кренала тревога по најавите од Турција и други членки на Алијансата дека ќе извршат притисок во Чикаго.
Нешто слично како она што му се случуваше на нашиот репрезентативен капитен Перо Антиќ, деновиве преживува и грчкиот кошаркар Василис Спанулис. Антиќ на фајнл-фор турнирот од Евролигата се претстави дека доаѓа од ФИРОМ, неговиот соиграч од Олимпијакос пак, направи „грев“ што се сликаше со македонското знаме.
Босанските парламентарци го изгласаа новиот предлог буџет, во кој меѓу другото стои ставка со која парламентарците ќе земаат помала плата од досегашната. Буџетот на Босна и Херцеговина изнесува 1.349.928 конвертабилни марки, од нив 950 милиони се за домашни потреби, а 445 милиони за враќање на долговите кон странство.
Во Грција вчера се одржаа вонредни парламентарни избори на кои избирачите го покажаа своето незадоволство од политиката на актуелните функционери, како и од мерките за штедење наметнати од Европската унија.
Во денешно време, да се биде почитувач на ликот и делото на Јосип Броз Тито, значи помалку да се биде одметник, а за некои Македонци, дури и предавник. Сепак, да забележиме дека...
Рецесијата и невработеноста во Грција годинава неповолно се развиваат во споредба со првичните прогнози на Централната банка на Грција, пренесе радио Атина.