Vip

Стафилококни токсини и бактерии од фекално потекло се причината за труењето на осумтемина лица од Делчево меѓу кои и шест ученици од делчевските деветолетки.

Ова го покажаа резулатите од микробилошката анализа на храната и брисевите од сендвичарницата и од вработените, а д-р Магдалена Манасиева, директор на Центарот з а јавно здравје Кочани, денеска информираше дека испитаните мостри од храната и брисевите од сендвичарницата „Кинг“, не одговараат на микробиолошката исправност на храната.

– Најдено е присуство на енетропатогени бактерии од родот на стафилококи кои лачат стафилококни токсини кои предизвикуваат гастроинтестинални заболувања на луѓето и присуство на енетропатогени бактерии од фекално потекло. Ова, најверојантно, се должи на несоодветната хигиена во објектот и несоодветниот начин на чување на храната. И на адекватната хигиена на персоналот кој работи овде, несоодветни услови на чување на храната, нестерилен инвентар и садови, загадени раце, истакна Манасиева.

Труењето на учениците и двајцата возрасни беше алармирано пред шест дена, а првите симптоми учениците ги добија веднаш по големиот одмор откако консумирале гиро од сендвичарницата, па тие со тешки симптоми на труење, беа веднаш префрлени во Клиничката болница во Штип. Сендвичарницата беше веднаш затворена од санитарниот и здравствениот инспекорат, а како епилог од труењето со храна е се поизвесната пријава за сопственикот и фирмата од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Извор: КУРИР

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila