Седумнаесетгодишен средношколец претпладнево го загуби животот по пад од кошот во кошаркарското игралиште во СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица.

Според Министерството за внатрешни работи, во 10:15 часот во Полициската станица во Струмица било добиено телефонско известување од струмичката Општа болница дека било пренесено безживотно тело на дете родено 2000 година со место на живеење во Босилово.

Детето, според полицискиот извештај, во СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица при детска игра се качил на кошот од кошаркарското игралиште од училиштето од каде што паднал и од настанатите повреди при падот, починало на самото место.

Од страна на СВР Струмица извршен е увид, а на местото на несреќата излегол и јавен обвинител.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот, информираат од МВР.

Извор: КУРИР

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа