
Според првичните полициски информации, разбојниците заканувајќи се со пиштол од вработените одзеле засега неутврден износ на пари и се упатиле во непознат правец.
Во скопската населба Чаир пак, заканувајќи се со пиштол, непознато маскирано лице околу 13:45 часот извршило грабеж во поштата.
Првичните информации од полицијата говорат дека разбојникот влегол во поштата и под закана од вработените одзел засега непозната сума на пари, по што веднаш избегал.
Полицијата извршува увид и на двете локации.
Нема да шпекулираме дали двата грабежи се поврзани и ќе почекаме официјално известување од полицијата.
Извор: курир
