![]()
Министерот за економија Ваљон Сараќини соопшти дека денес ќе предложи до Комисијата за кризна енергетска состојба, да се укинат рестрикциите за штедење на електрична енергија.
-Денес пред Комисијата за кризна енергетска состојба ќе го отворам прашањето за тоа дали има услови за вклучување на уличното осветлување. Со оглед на зголемените температури, очекувам позитивен одговор и од другите членови на Комисијата за од вечерва или евентуално од утре да се влклучи осветлувањето по улиците и булеварите, изјави Сараќини.
Тој додаде дека досега нема ниту една казна, додавајќи дека сеуште се практикуваат препораките до граѓаните и компаниите за штедење на енергијата.
Одлуката за кризна состојба беше донесена поради екстремното зголемување на потрошувачката на електричната енергија како резултат на ниските температури во континуитет, кои што можеа да доведат до сериозно нарушување на функциопнирањето на електроенергетскиот систем.
извор: Курир
