gototop

Членките на Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) го одбележуваат денеска меѓународниот Ден на мајчиниот јазик - 21 февруари, со цел промовирање на јазичната култура и разновидност, како и повеќејазичност.

Денес е меѓународен Ден на мајчиниот јазик Генералното собрание на УНЕСКО го прокламираше во 1999 година Денот на мајчиниот јазик, како сеќавање на студентите кои на 21 февруари 1952 година се убиени во Дака во Источен Пакистан, денес Бангладеш, бидејќи протестираа поради тоа што нивниот мајчин јазик не е прогласен за официјален.

Според проценките, речиси секојдневно во светот исчезнува по еден јазик, а лингвистите прогнозираат дека околу 6.000 јазици, до крајот на 21 век ќе изумрат повеќе од половина, дури и до 90 отсто.

Најмногу се загрозени јазици со мал број говорници од неколку стотина или десетина и јазици кои припаѓаат на мали заедници кои не се цивилизирани со население со западни стандарди и немаат институции, сметаат лингвистите.

По повод денешното одбележување Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе го посети Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Извор: курир

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
mojot-grad
  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа