ЦЕНТАР ЗА ОБУКА ЕВА во соработка со МОДУС ЦЕНТАР со задоволство ви ја најавува следната обука:
„Развој на комуникациски вештини и ефикасност во деловни средини, техники и фази на преговарање, разрешување и превенирање на конфликти“

Зошто и како успешните секогаш наоѓаат начин и пат за достигнување на целите?
Како да победувате и остварувате без да создавате непријатели и како да преговарате и успевате а при тоа секој да е задоволен?
Како да комуницирате за да воспоставите одлични односи со вашиот тим, клиенти, соработници, претпоставени, подредени или блиски?
Дводневна обука на 3-ти и 4-ти март (сабота и недела) од вкупно 10 часа (2 дена х 5 часа х 60 мин.) која вклучува теориски концепти, прашалници, интерактивни вежби и групни вежби за усвојување на техниките.
Оваа обука е добра за деловни луѓе, претприемачи, менаџери, исто така млади луѓе кои допрва ќе влезат во работен однос, за сите кои работат јавна професија или се дел од медуим, за оние кои се занимаваат со туризам и услужни дејности или чие секојдневие вклучува многу контакти со луѓе од различни сфери, но и за сите оние кои сакаат да работат на себе и се свесни дека вештата комуникација е клуч за успехот.

Обуката ја води еден од најбараните и најквалификувани тренери во оваа областСтанислав Петковски – Сашо кој е основач и директор на “Модус Центар” Скопје и долгогодишен тренер од областа на психологијата, комуникологијата, човечките ресурси и менаџментот. Тој е специјалист по медицинска психологија, сертифициран трансакциски аналитичар, психотерапевт, семеен системски терапевт, надворешен предавач на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј” по предметот “Клиничка психологија” еден од основачите и член на МАТА и еден од основачите на Македонската асоцијација за семејна системска терапија, член и еден од основачите на Македонска асоцијација на психотераписки асоцијации, која е член на ЕАП (Европска психотераписка асоцијација), соработник е на “Gestalt Frankfurt Institute” итн.
Негови досегашни задоволни клиенти на ваков тип обуки а воедно и клиенти на “Модус Центар” се: T-mobile, Cosmofon, Eurolink, Diners, Seavus, Detra, Publicis, McCann Erickson, CIRA, Aleksandrija, ITZ, ФИОМ и 8-те центри за поддршка на НВО во РМ, Р.Е.Ц., СОС Детско село и уште многу други.
За сите досегашни и сегашни клиенти и слушатели на Центар за обука ЕВА, обуката чини 3.700 денари а за оние кои не се, но се пријавуваат преку ЕВА, чини 4.500 денари. Регуларната цена надвор од оваа понуда за оваа обука е 7.400 денари.
* Цената вклучува наставни материјали , ручек, кафе паузи и признат Сертификат кој подоцна може да ви послужи за доостручување во областа на психологија и комуникологија под покровителство на МАТА (Македонската асоцијација за транскакциска анализа) која е дел од ЕАТА (Европската асоцијација за транскациска анализа). Оваа обука е првиот модул од серијата обуки кои ќе следуваат. Сертификатите од Трансакциска анализа се најпрестижни, најскапи и најценети надвор во светот а ова е одлична можност да се здобиете со еден таков за првиот модул од серијата обуки кои ќе следуваат во наредните месеци.
Обуката ќе се одржи на 3-ти и 4-ти март во салата за семинари на хотел “Старо Водно” – Скопје.
Пријавување на 078 23 13 23 и на e-mail : Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите сo полно име и презиме и телефон за контакт. Бројот на ученици е ограничени од практични причини! Поради имаме строг принцип „Comes first, served first“. Пријавувањето се смета за валидно и местото се резервира само по извршена уплата на трансакциска сметка на Центарот за обука ЕВА.

Центар за обука ЕВА е првиот центар кај нас кој го обединува прагматичното и корисното со она креативното и творечкото. Нудиме:
- Јазични курсеви (за деца, возрасни, општи и специјализирани )по англиски ,деловен англиски, конверзација, германски, италијански, француски, шпански, албански, турски, грчки и македонски за странци
- Преводи (судски, книжевен, стручен, титлување)
- Толкување (симултано, консекутивно, на уво)
- Обуки за корпоративни клиенти според потребите
- Подготовки за полагање испити (TOEFL, IELTS, FCE, CAE итн.)
- Подготовки за полагање државни матури по англиски, македонски и математика
- Часови по математика (за деца, средношколци и студенти)
- Музика (теорија на музика, пијано, виолина, соло пеење, гитара)
- Школа за новинари и водители (која вклучува стекнување професионално искуство во медиум)
- Курс по фотографија
- Курс по креативно пишување
- Курс по цртање и сликање
Учиме на вредности, толкуваме вредности, креираме вредности!
промотивен текст
