gototop

Курир дознава дека професор од средното училиште „Кочо Рацин“ денес физички нападнал ученик од четврта година.

napad

Како што дознаваме околу 15 часот за време на одморот поголем број на ученици кои биле излезени во училишниот двор почнале да играат со снегот.

Во еден момент, професорот по физичко образование, се нафрлил кон еден ученик од втора година. Неговиот братучед кој е четврта година средно во истото училиште пришол со намера да го одбрани помалиот роднина.

Во тој момент професорот го удрил ученикот и почнал да го дави, велејќи му да не го види повеќе во училиштето.

Според информациите до кои дојде Курир, од рацете на професорот, ученикот го спасиле неколку другари, по што професорот заминал.

Директорот на училиштето Величе Цветановски со кого Курир стапи во контакт потврдува дека во училиштето за време на одморот имало снежна игра меѓу учениците, но негира дека дошло до било каков инцидент.

-Не се случи ништо за што би требало да се придава значење. Јас разговарав со учениците, но и со обезбедувањето во училиштето. Учениците играле со снежни топки, а професорот излегол да ги опомени, обидувајќи се да го наметне својот авторитет како професор, изјавува Цветановски за Курир.

Наспроти ова, според нашите сознанија, кај ученикот од страна на лекари биле констатирани видливи повреди во пределот на лицето и вратот.

извор: Курир

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
mojot-grad
  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа