Претседателот Ѓорѓе Иванов најави дека ракометарите исто како и кошаркарите ќе добијат медал за заслуги, откако го освоија петтото место на Европското првенство во Србија и ќе учествуваат на квалификацискиот турнир за ОИ.
Иванов исто така рече дека ракометарите заслужуваат пречек како што имаа кошаркарите и дека Македонија прераснува во врвна спортска нација.
На овој натпревар освен победата над Словенија и пласманот на високото петто место се случи уште еден успех, а тоа е успехот на македонскиот капитен Кире Лазаров кој стана најдобар стрелец на сите времиња.