Со цел да им се овозможи на учениците да го гледаат ракометниот дуел Македонија-Словенија, дел од училиштат денеска ја одржаа наставата со скратени часови.

Со скратени часови, првата смена во дел од скопските училишта завршила околу 11 часот, а втората ќе заврши пред ракометниот натпревар околу 15 часот.
Инаку на плоштадот „Македонија“ се организира следење на натпреварот против репрезентацијата на Словенија на големиот видео бим.
Овој ракометен дуел е од големо значење за нашата репрезентација, бидејќи играме за високото петто место кое не води во квалификациите за Олимпијадата во Лондон.
Заедно да навиваме за Македонија, да ги вееме македонските знамиња и во еден глас да ја пееме македонската химна. Напред Македонија!
Извор: курир