Атина упати протестна нота до македонското Министерство за надворешни работи по повод изградбата на портата „Македонија“ на која, како што наведува, „помеѓу останатото е прикажано знамето од Вергина и илустрации со иредентистичка содржина“.

Шефицата на Канцеларијата за врски на Грција во Скопје, Александра Пападополу во нотата која ја упатила до македонското МНР протестирала „поради фактот дека со различни постапки констатно се допринесува за политичко искривување на историската реалност, која се свртува против Грција и останатите соседни земји“.
Во протестната нота официјална Атина предупредува дека ваквите постапки се опасни и претставуваат закана за стабилноста на Балканот кој веќе во минатото ја платил цената за национализам.
Од македонското МНР потврдуваат дека денеска ја добиле нотата и оти внимателно ќе ја разгледаат содржината и изнесените обвинувања.
Извор: курир
