gototop

Поради снегот, утрово повеќе автобуски линии во Скопје се скратени. Не сообраќа само автобусот со број 74.

 Скратени повеќе автобуски линии, не сообраќа само број 74  Скратени повеќе автобуски линии, не сообраќа само број 74

Како што соопштија од  ЈСП, утрово до 6.25 часот автобусот со број 24 за општина Сопиште сообраќал само до Кисела Вода. Сега повторно оди до општина Сопиште.

Автобусот со број 2 сообраќа до бензиската пумпа во Ѓорче Петров поради изградбата на мостот во Сарај.

47 A сообраќа до Љуботенски пат, а 47 до 7.15 часот сообраќал до Радишани, а сега оди до селото Љубанци. 51 оди до мостот во Морани, место до Студеничани, а 55 до село Арачиново, а не до село Орланци. Автобусот со број 56 оди до Расданик место до Бојане, а 56 А место до село Копаница оди до подвозникот.

Автобуската линија 58 која сообраќаат до село Добри Дол, до 6.25 часот одела до Кисела Вода, а сега оди до општина Сопиште. Број 58 за Брзовец, од 6.25 часот оди до село Соње, а 58 за село Светка Петка од 6.25 часот  оди за село Соње.

Автобусот со број 60 сообраќа до село Глумово, 64 минибус сообраќа до долот пред селото Кучково. Линијата 65 сообраќа до село Црешово, 65 В оди до црквата во село Инџиково. Линијата со број 67 место до Страхојадица сообраќа до Зелениково. Автобусот 68 од 7 часот оди до село Ржаничино место до село Катлановска Сушица, а 70 сообраќа до Дризла.

Скратени се 80А која сообраќа до Марковиот манастир и 81 до село Сандево.

Извор: курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
mojot-grad
  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа