gototop

На овој ден во 1981 година во Прилеп се роди македонската музичка легенда, Тоше Проески.

Среќен роденден Тоше

Тој денеска би наполнил 31 година.

Најголемата македонската музичка ѕвезда трагично го загуби својот живот во сообраќајна несреќа на 16 октомври во 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска.

Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост. Споменот за него и тагата која ја остави по неговото заминување и по шест години не стивнува, не само во Македонија, туку и низ целиот Балкан.

Неговите музички успеси ги поминаа сите граници, а со својот глас тој го освои светот.

Музичката кариера ја започна со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997 година, каде што, нормално, победи.

Оттогаш кариерата на Тоше постојано напредуваше. Безбројни се неговите успеси, како и соработката со познати светски музички имиња.

Во саботата, традиционално во чест на неговиот роденден во Македонската опера и балет се одржа концерт насловен како „Неговите арии“, концерт на кој се говореше и пееше за неговата прва љубов, ариите.

Извор: курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
mojot-grad
  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа