gototop

Дел од приватните превозници од вчера почнаа да превезуваат патници по поскапа цена.

Дел од приватните превозници го поскапеа автобускиот превоз

Откако поскапеа билетите на ЈСП, за пет денари е поскапо и возењето во приватните автобуси на „Макекспрес“.

Цената за превоз на патници во приватен автобус досега чинеше 25 денари, а од вчера во дел од нив ќе треба да платите 30 денари за возење.

Во оваа дејност постојат две приватни компании. „Макеспрес“ која што веќе почна да вози по нова цена, и „Слобода превоз“ чии што превозници сè уште возат по цена од 25 денари. Но, ниту тие не ја исклучува можноста наскоро да го поскапат превозот.

„Секојдневно ја следиме работата и ја разгледуваме ситуацијата со превозот, но сè уште немаме донесено некаква одлука. Засега, барем до крајот на неделава, нема можност за такво нешто. Имаше јавено дека некои од нашите превозници веќе наплаќале по нова цена, но поскапувањето зависи од целиот одбор, односно треба да се соберат сите ставови на превозниците. Доколку се воведе ваква мерка, дополнително ќе им биде соопштено на граѓаните“ - за Утрински весник вели Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“.

Во „Макекспрес“ уште во четвртокот донеле конечна одлука за поскапувањето, а во петокот во нивните автобуси делеле промотивни материјали со информации за поскапувањето.

Инаку претпријатието „Слобода превоз“ располага со скоро двојно повеќе автобуси од другиот приватен превозник „Макекспрес“.

За зголемување на цените, како главни причини се наведуваат високата цената на нафтата и на потрошните материјали.

Извор: курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
mojot-grad
  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа