gototop
train-crowdВчерашното извлекување на среќните имиња за вечерашниот натпревар во Белград против Полска помина во совршен ред, но денешното тргнување од железничката по сè изгледа не помина толку добро.

Откако Владата на Република Македонија одобри 1000 влезници и пат до Белград со воз, граѓаните побрзаа да аплицираат, а некои од нив во јавно извлекување успеаа и да добијат патување во Белград. Но, утрово во 5 и 30 кога возот тргна повеќе од 100 луѓе, добитници во лотаријата не беа во возот.

Според некои медиуми на железничката станица во Скопје имало и насилни моменти, но разговорот којшто ние го направивме со еден наш читател и сведок на настанот го потврди спротивното, дека насилство немало, но дефинитвно имало неправилност и чудни моменти, бидејќи како што тој кажува, околу 150-200 луѓе останале надвор иако нивото име било извлечено.

„Немаше турканици, но со возот не заминаа повеќе 450-500 луѓе. Надвор останаа сигурно повеќе од 150. Јас си заминав три минути откако ни кажаа дека нема да има друг воз, а првиот го слушнавме и самите како замина во 5 и 30. Потоа не знам што се случувало“ - ни изјави читателот.

Сигурни сме дека официјално лице ќе излезе со објаснување зошто се случил ваков скандал, а секако ќе објасни и точни бројки околу патниците.

В.Н. | бркајработа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
mojot-grad
  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа