Vip
Храната за миленици во Северна Америка и порастот на приходите во земјите во развој беа светлите точки на Нестле во изминатата 2010 година.

Нестле уживаше во успешната 2010 година

Остварената нето добивка на компанијата за 2010 година изнесува 35,7 милијарди долари или двојно повеќе од претходната година.

Компанијата Нестле соопшти дека силната побарувачка на надоаѓачките пазари ќе помогне да се ублажи растот на цената на суровините оваа година и предвидуваат пораст на приходите за оваа година помеѓу 5 и 6%.

- Денешните времиња се како Рубикова коцка: фасцинантни, интересни и неверојатно предизвикувачки, рече извршниот директор на компанијата Пол Булк.

Најголемиот светски производител на храна разубедува дека е добро позициониран да се справи со растечките цени на производите преку намалување на трошоците и зголемување на цената на конечниот производ.

Во иднина се очекува подигнување на цената на состојките како млекото, какаото, кафето, шеќерот и житото да додадат помеѓу 8 и 10 проценти дополнителни трошоци на компанијата.

И конкурентите, Даноне и Унилевер, соопштија дека се самоуверени во справувањето со растечките трошоци.

Извор: курир.мк

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila