Компанијата „Џонсон Мети“ денес на локацијата на својата фабрика за катализатори во слободната економска зона Бунарџик ќе постави камен-темелник на новите производствени погони.
Американското бизнис списание „Форчн“ ja објави листата од 500 најголеми американски компании, кои минатата година и покрај забавувањето на глобалната економија, остварија рекордни профити.
Американскиот технолошки гигант Епл кој користи погодности во Ирска, Холандија и останати држави со пониска даночна стапка, на законски начин секоја година избегнува плаќање даноци од неколку милијарди долари.
Најбогатите луѓе во Велика Британија минатата година рекордно го зголемиле своето богатство, додека приходите и заштедите на повеќето Британци забележуваат пад поради инфлацијата и ниските каматни стапки, покажува т.н. листа на богатите, која секоја година ја објавува лондонскиот весник „Сандеј тајмс“.
Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика од полноќ поевтинуваат цените на нафтените деривати. Бензините ќе бидат поевтини за два денари, а дизелот на 1 денар.