Непознат сторител ноќта помеѓу 20/21.02.2012, во Скопје на улицата „Че Гевара“ со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба од ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“.
Над седум милиони луѓе ја потпишаа „онлајн“ петицијата на „Гугл“ против нацрт-законот за запирање на интернет пиратеријата и заштита на интелектуалната сопственост.
Денес не очекува променливо облачно време, а во југозападните делови со услови за слаб локален дожд. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла.
Три непознати маскирани лица вооружени со пиштол околу пладне извршиле габеж во штедилницата „Интер-Фалко“ на булеварот „Партизански одреди“, во близина на слаткарницата „Палма“.
Членките на Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) го одбележуваат денеска меѓународниот Ден на мајчиниот јазик - 21 февруари, со цел промовирање на јазичната култура и разновидност, како и повеќејазичност.
Глобалниот медиумски магнат Руперт Мардок најави дека веројатно ќе ја поддржи шкотската независност, откако на социјалната мрежа Твитер напиша дека „треба да се остават Шкотланѓаните да си заминат од Велика Британија“.
По повеќе од 12 часа преговори министрите за финансии на државите од еврозоната постигнаа договор за заем за Грција за уште 130 милијарди евра и со тоа државата да се спаси од банкрот.