Во најновиот апдејт на популарниот графички софтвер „Photoshop“ се појави алатка наречена Select Subject, кој се потпира на технологија со вештачка интелигенција.

Photoshop CC 2018 е објавен оваа недела и користи AI технологијата Adobe Sensi која го олеснува изборот на објекти со алатката Select Subject. Истата овозможува побрзо и попрецизно избирање, а и ги заменува досегашните инструменти Quick Selection и Magic Wand.

Select Subject автоматски ги избира видливите објекти во слики со еден клик. Тогаш корисникот може да го направи својот избор со користење и на други инструменти на програмата. Се разбира, не може да се очекува функцијата да работи совршено во сите услови, но во повеќето случаи Select Subject заштедува време кај дизајнерните.

banerIscelitelMilenium