Вештачката интелигенција на „Alibaba“ постигна 82,44 поени во тест за читање и разбирање на текст, што е повеќе од просекот на човек од 82,304 поени.

„Alibaba“ тврди дека за прв пат машината успеала да го претекне човекот во такви испитувања.

Тестот на Универзитетот Стенфорд се смета за еден од најавторитетните во светот. Се состои од 100.000 пара прашања – одговори собрани врз основа на 500 статии од Википедија.

„Alibaba“, една од водечките компании за технологија во Кина, го гледа своето достигнување во ВИ како голем настан и има намера да го развие системот, со тоа што ќе биде достапен за своите клиенти.

Од друга страна „Блумберг“ известува дека вештачката интелигенција на „Microsoft“ функционира подобро од системот на „Alibaba“, достигнувајќи 82.650 поени во сличен тест.

Овој резултат, сепак, е постигнат еден ден по тестирањата на „Alibaba“.

banerIscelitelMilenium