Додека се приближува официјалното претставување на новиот предводник на Huawei, уредите P20 и P20 Plus, се повеќе неофицијални информации излегуваат за нивните карактеристики.

Информациите велат дека барем еден од моделите Huawei P20 и P20 Plus се очекува да биде опремен со тројна главна камера.

Оваа претпоставка се повеќе изгледа дека е точна бидејќи компанијата ги објави официјалните покани за настанот. Тој ќе се одржи на 27 март во Париз, а Ајфеловата кула е илустрирана на поканата. На задната страна на сликата се гледаат и три кругови, која треба да ја симболизираат тројната камера на еден од уредите. Се очекува дека компанијата ќе претстави три модели – P20, Plus и Lite верзии.

Кои иновации да ги очекуваме од камерата?

Нивната конфигурација сè уште не е потврдена, но третата камера се очекува да обезбеди пет-кратна хибридна опција за зумирање.

Оваа гласина е веројатно да се покаже како реалност, како што покажуваат покани за официјалното претставување на трите нови уреди.

За да биде уште поинтересно, на дното на поканата гледаме натпис „See mooore with AI“. Ова подразбира дека Huawei ќе продолжи да ги развива способностите на своите уреди да користат поефикасна вештачка интелигенција. Со слична функција располага сегашниот предводник на компанијата – Mate 10 Pro. Користењето на три „О“ во еден збор, исто така, подразбира тројна задна камера.

huavai-kamera

Huawei P20 Lite ќе добие двојна основна камера

Друга информација која произлизе од оваа компанија е дека Huawei P20 Lite веќе е сертифициран од Сојузната комисија за комуникации на САД (FCC).

Документите на американскиот регулатор, пак ни даваат дополнителни детали за новиот паметен телефон.

Една од интересните карактеристики на P20 Lite ќе биде екранот. Податоците на FCC укажуваат модели со различна големина на екранот – од 5.8 инчи до 6 инчи, а резолуцијата се очекува да е 1080 х 2280 пиксели при нестандарден однос од 19: 9. Актуелните смартфони кои сме навикнати да ги гледаме се со сооднос на екранот 16:9 и 18:5:9 кај Samsung Galaxy S8 и LG G6.

Се очекува над екранот на P20 Lite, слично на iPhone X, да има црн отвор, во кој ќе биде сместена предната камера, слушалки и некои од сензорите, а на грбот на смартфонот очекуваме да има двојна главна камера.

За конечните карактеристики на новиот предводник на Huawei ќе треба да почекаме до 27 март.

banerIscelitelMilenium