Компанијата „Samsung“ ги негираше тврдењата дека намерно ги успорува своите стари модели на паметни телефони преку надградби на софтверот.

 Против јужнокорејската компанија минатата недела беше започна истрага од страна на антимонополските власти во Италија, како резултат на сигнали од потрошувачите. До неодамна, во центарот на скандалот беше само „Apple“, против која се покренати различни обвинувања во голем број држави за намерно успорување на постарите модели смартфони.

„Samsung“ ја негираше оваа практика уште од првото обвинение против корпорацијата од Купертино. Но, таа мораше да ги повтори овие тврдења за италијанската истрага.

„Samsung“ не нуди надградба на софтверот за да ги намали перформансите на производот за време на целиот животен циклус. Ние соработуваме целосно со Италијанскиот антимонополен регулатор за да ги расчистиме целосно фактите за случајот во земјата - напишаа од „Samsung“ во официјално соопштение до медиумите.

„Apple“ потврди дека надградбите на софтверот на постарите модели на iPhone имаат негативен ефект врз перформансите на уредот поради батериите. Компанијата соопшти дека понудила нивна замена за 29 долари. Во исто време антимонополните регулатори во САД, Франција, Италија и од денес Јужна Кореја започнаа истрага за кршење на добрите практики на технолошкиот гигант. „Samsung“ моментално се соочува со таква истрага само во Италија.

Во принцип, со текот на времето, паметните телефони ја намалуваат нивната продуктивност поради абење и раздвојување на различните компоненти. Проблемот со „Apple“, се претпоставува, дека нивните ажурирања на платформата на iOS се намерно сместени, за да ги охрабрат корисниците побрзо да купат нов уред.

banerIscelitelMilenium