Vip

Македонскиот ракометен шампион Вардар го отпушти тренерот Зоран Кастратовиќ - е потврдено на нивната официјлна интернет страна.

rk.vardar.1

- Од денеска е прекината соработката со Зоран Кастратовиќ и по тоа прашање немам повеќе коментар. Мислам дека Зоран е одличен тренер и прекрасен човек, но одлуката е таа. Андон Бошковски е привреемно решение за тренерското место и ќе ја води екипата во наредните мечеви – објави Сергеј Самсоненко.

Претседателот на РК Вардар се осврна и на утрешниот натпревар со Нексе (СРЦ Кале, 20.15 ч.), нагласувајќи дека фокусот на екипата е на претстојниот дуел со ПСЖ во Лигата на шампионите што ќе се одигра на 13 октомври во Скопје.

- Мора добро да ги распоредиме силите и затоа дел од ракометарите нема да играат на утрешниот меч. Тимур Дибиров, Матјаж Брумен, Игор Карачиќ кој има полесна повреда, Алексеј Растворцев, Петар Ангелов и можеби уште 2-3 ракометари утре нема да бидат во составот за да можат да се одморат и да се подготват за мечот со ПСЖ. Нексе е добра екипа, тоа го докажува и резултатот од последниот натпревар со Металург. Токму затоа, сакаме да победиме и сериозно се подготвуваме за утрешниот дуел – изјави Сергеј Самсоненко.

banerIscelitelMilenium

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila