gototop

Металург не успеа да си обезбеди два бода во Словенија во дуелот против Цимос Копер во рамките на Лигата на шампионите. До бодот ракометарите на македонскиот шампион стигнаа со мака, бидејќи на неколку минути до крајот имаа негатива од три гола. На крајот ги послужи среќата и натпреварот заврши без победник, односно со резултат 22:22.

Металург среќно до бод во Словенија

Иако Лино Червар имаше само еден пивот, Ванчо Димовски кој сè уште не е во топ форма поради неодамнешната повреда, Металург во првото полувреме (11-11) играше солидно, особено истакнувајќи се во одбраната. Тука владееше голманот Дарко Станиќ и максимално ги деморализираше противничките играчи. Тој на крајот имаше неверојатно 18 одбрани.

Но, нападот на металурзите не делуваше убедливо, а Мојосовски и Миркуловки делуваа преморено. Металурзите загубија премногу топки во нападот кои доколку ги реализираа со сигурност ќе го совладаа противникот. Жарко Марковиќ беше најрасположен и постигна шест погодоци, а Козлина му се придружи во ефикасноста.

Сепак, и покрај недостатоците во играта и проблемите со повредените играчи, Металург имаше можност за победа. Во последниот напад ударот на Гоце Георгиевски заврши во дирекот и им овозможи на играчите на Цимос Копер да се обидат да ги освојат трите бода. Но, денес среќата беше на наша страна и Кривокапиќ исто така ја погоди стативата.

Со овој бод Металург има 10 бодови, исто како и Копер, но поради подобриот меѓусебен ефект се наоѓа на табелата пред Словенците. На прво место е Хамбург со максимални 14 бодови.

Следен противник на Металург е екипата од Полска, Висла Плок која има освоено седум бодови. Но, на гостувањето во Полска нашиот шампион ќе има хендикеп затоа што Миркуловски по еден остар страт доби директен црвен картон и ќе мора да паузира еден натпревар. Треба да се има предвид дека во составот на Металург не се ниту пивотот Ракчевиќ, ниту Јоноски чие отсуство се забележува во одбраната. Тоа значи дека најдобрата Македонска екипа ќе има уште едно тешко гостување, но ние веруваме дека од Полска ќе се врати со три бодови.

И.К | бркај работа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
mojot-grad