
Кире Лазаров доби извинување од Европската ракометна федерација, поради тоа што не беше во идеалниот тим и поради тоа што не беше прогласен за МВП.
Според пишувањата на весникот „Вест“ кој пренесува и изјава од нашиот Кире, ЕХФ признала дека нивната политика е наградување на што повеќе играчи од различни репрезентации.
Сепак заборавија дека пред две години Филип Јиха од Чешка беше прогласен за најдобар стрелец и МВП на првенството во Австрија.
- Кога се вратив во Белград, јас само на шега и реков на Весна Лазиќ, инаку функционер во ЕХФ, дека не е коректно што сум изоставен од најдобрата седморка. Но, таа сериозно си го сфатила тоа и подоцна им пренела на челниците на ЕХФ. Два дена по финалето, ми се јави по телефон и ми го пренесе извинувањето од генералниот секретар на ЕХФ, Михаел Видерер. Ова навистина ме изненади, изјави Лазаров, а пренесува дневниот весник „Вест“.
извор: курир
