
- Се чини дека сме специјализирани за овие инфаркт натпревари. Знам дека им беше тешко и на навивачите и на целата македонска јавност, но нам на теренот ни беше најтешко. Ова е голем ден за македонскиот спорт и за секој Македонец. Докажавме дека можеме да играме против сите, против најголемите репрезентации. Ја остваривме целта, се пласиравме на олимписките квалификации и пласманот во Лондон ќе биде голем успех за оваа генерација, изјави Миркуловски.
извор: Курир