gototop

Како и на дуелот со Полска, а потоа и со Србија, Борко Ристовски бранеше најдобро кога беше најпотребно. Тој на теренот мина нецели 57 минути во кои одбрани 11 удари на противникот, а клучни беа неговите три одбранети седмерци.

borko_slovenija

Ова беше последен натпревар на ова ЕП кој значеше пласман во квалификациите за Олимписките игри во Лондон и никако не смееме да го заборавиме квалитетот на Словенците. Собравме сили и одигравме како што знаеме, исто како и на претходните настапи на ова ЕП. Го оставивме срцето на теренот, гиневме еден за друг, тоа е тајната на нашиот успех. Сега сме петти во Европа, што е навистина страшна работа. Некој пред почетокот на ЕП да ни понудеше такво нешто, не знам што ќе се случеше. Сакам да им се заблагодарам на сите оние кои искрено не пратеа и поддржуваа цело ова првенство. Среќни сме што израдувавме два милиони луѓе“ - рече по големата победа над Словенија првиот чувар на нашиот гол, нашиот „Министер за одбрана“ - Борко Ристовски.

извор: Курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Со срце за Македонија
Мачор во чвор

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email