
Македонскиот капитен Кире Лазаров уште еднаш покажа дека е ракометар од светска класа и еден од најдобрите на планетата во моментов. Тој влезе во историјата на европските првенства како најефикасен играч на еден континентален собир откако попладнево стигна до бројката од 61 гол.
Тој против Словенија постигна 7 голови и заедно со оние 53 од претходните мечеви стигна до 61 гол на ЕП во Србија со што го урна рекордот на Ловгрен од Шведска и Стефансон од Исланд кои имаа по 57 постигнати голови, учинок кој го остварија на ЕП во 2002 година.
Ова секако е голем успех за Лазаров, а секако и за цела Македонија бидејќи токму Македонец ќе биде на врвот на листата на ракометните голгетери и долго ова ќе биде запишано во историјата на ракометните европски првенства.
Листа на стрелци на ЕП
2012 – Кирил Лазаров (Македонија) 61 гол
2002 - Олафур Стефансон (Исланд) 58
2002 - Стефан Ловгрен (Шведска) 57
2010 - Филип Јиха (Чешка) 53
2006 – Сергеј Рутенко (Словенија) 51
1994 – Василиј Кудинов (Русија) 50
Извор: Курир