gototop
 

lazarov-danska

Македонската репрезентација извојува голема победа против репрезентацијата на Словенија со резултат  28-27.

Започнавме молскавично во првиот дел, со брзите контри и добрата реализација на полувреме имавме позитивен резултат 16-12. Во првиот дел, Борко блескаше на нашиот гол со 7 одбрани.

Вториот дел го започнавме слабо, бевме бавни во одбраната и слабо реализиравме, но најверојатно чекавме Миркуловски да проработи. По неговите 2 погодоци, нашата репрезентација се разбуди и повторно се врати во колосек.

mkd-rakomet-1

Кире уште еднаш ни докажа дека се работи за играч од светска класа, постигнувајќи 8 голови, со што го стана најдобриот стрелец на сите одиграни Европски Првенства досега.

Стојанче Стоилов е нашиот најпрецизен играч на ова првенство. Тој на овој натпревар постигна 6 погодоци од 8 обиди.

Борко натпреварот го заврши со 10 одбрани.

Ве чекаме да поминете низ триумфалната порта, со широко отворени раце и полни срца, наполнети со гордост. Благодарение на вас, Македонија е пример за тоа како една малечка земја со големо срце, може високо да котира во Европа.

Н.А | бркај работа
пиши му на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  


Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
mojot-grad