
Со постигнати 53 голови од 97 обиди Лазаров е најефикасен ракометар. По него следуваат Драган Гајиќ (Словенија) со 47 и Габор Часар (Унгарија) со 43 постигнати голови.
На шесте досега одиграни натпревари на првенството македонскиот репрезентативец постигнувал во просек по 8,8 погодоци или за 1,5 голови повеќе од второпласираниот словенечки играч Гајиќ.
Лазаров е и меѓу најдобрите асистенти, со вкупно 24 е четврти, а води и на листата голови плус асистенции.
На капитенот на црвено-жолтите му се потребни уште пет голови на последниот натпревар за Македонија на ЕП, утре против Словенија, за да биде најдобар стрелец во историјата на Европските шампионати.
Голманот на македонската репрезентација Борко Ристовски, пак, е втор најдобар чувар на мрежата на ЕП со 36 отсто успешност. Пред него е само голманот на Србија и на скопски „Металург“ Дарко Станиќ со 43 успешни одбрани.
извор: Курир
