gototop

Во пресрет на утрешниот натпревар на мекедонската ракометна репрезентација, на плоштадот „Македонија“ се организира следење на натпреварот против репрезентацијата на Словенија на големиот видео бим на „Медиа сити“.

navivanje.jpg500

Овој натпревар е од големо значење за нашата репрезентација, играме за високото петто место кое не води во квалификациите за Олимпијадата во Лондон. Триумф над Словенија ќе значи остварување на македонскиот сон, остварување на највисоката цел која си ја поставивме пред да тргнеме за Србија - пласман во квалификациите за Олимпијадата.

Нашите ракометари слично како и кошаркарите во последниве две недели ја сплотија целата нација, спортот покажа дека е најдобриот амбасадор на една земја и има неверојатна моќ за обединување.

Сега е вистинскиот момент да им покажеме на ракометарите дека сме со нив, да излеземе масовно и максимално да ги бодриме како што тоа го правевме за кошаркарите.

Утре заедно да навиваме за Македонија, заедно да ги вееме македонските знамиња и во еден глас да ја пееме македонската химна.

извор: Курир
пиши му на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
mojot-grad