gototop

Денеска во 15.15 часот нашите најдобри ракометари играат со Словенија во средба која може да ни’ го донесе петтото место во Европа и пласман во квалификациите за ОИ во Лондон оваа година.

mak_slo_najava1

На сите средби во досегашниот тек на Европското првенство во Србија избраниците на Звонко Шундовски даваа се’ од себе да дојдат до победата. На некои од нив не ги послужи среќата, како тие со Германија и Данска, додека на некои од нив ја изненадија цела Европа, со победите над Чешка, Полска и Србија.

Одличната и максимално пожртвувана игра ги донесоа нашите ракометари до историски успех и до борба за петтото место на стариот континент. И не само до тоа, туку и на чекор од пласман во квалификациите за Олимписките игри во Лондон оваа година, нешто за што можевме само да сонуваме пред стартот на ова ЕП.

Последна пречка на тој наш пат е селекцијата на Словенија, која заедно со нас сигурно е едно од најпријатните изненадувања на ова првенство. Словенците својата прва група ја завршија пред велесили како Франција, Унгарија и Исланд, што е доказ за нивниот квалитет.

Проблем за нив, но и олеснителна околоност за нас е податокот дека на последниот тренинг пред меѓусебниот дуел се повреди Матеј Габер, кој е еден од најдобрите дефанзивци во составот на нашиот противник. Сепак, тоа не значи дека ќе имаме лесна задача, а нашите момци се свесни дека главните опасности по нашиот гол доаѓаат од Урош Зорман и Драган Гајиќ.

                                                   mak_slo_najava

Но, и ние имаме оружја од кои Словенците треба да се плашат. Тоа е пред се’ најдобриот играч на ова ЕП до сега, Кире Лазаров, кој брка историја на овој дуел. На нашиот капитен му недостасуваат уште пет погодока да стане најефикасен играч на едно ЕП на сите времиња, рекорд кој му е на дофат и кој, како што тој истакна, ќе биде уште посладок ако ги совладаме Словенците.

Наше оружје, покрај Лазаров, секако е фантастичната публика, која ги следеше нашите ракометари во чекор, прво во Ниш, а сега и во Белград, станувајќи белег на ова ЕП со својата бројност и со своето гласно навивање. Таа поддршка од нивна страна нема да изостане ниту денеска, во средбата која ќе ни донесе историски успех и по која би можеле да имаме шанса да се бориме за место на ОИ во Лондон.

Нешто за што нашите ракометари се подготвени да го дадат и последниот атом од својата сила, за славје на трибините во „македонската Арена“, но и во цела Македонија.

извор: Курир
пиши му на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
mojot-grad