
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров се наоѓа на чекор од голем индивидуален успех, кој ќе значи и успех на цела Македонија. На нашиот најдобар ракометар му недостасуваат само уште пет голови за да влезе во историјата како најефикасен играч на едно европското првенство.
Лазаров досега има постигнато 53 голови, заедно со оние 10 од последниот меч со Србија, а рекордот го држат на Стефан Ловгрен (Шведска) и Олафур Стефансон (Исланд) со по 57 голови на едно ЕП.
Со оглед на тоа дека на Македонија и преостанува уште еден дуел, оној кој ќе се одигра во петок против Словенија за освојување на петтото место на ЕП, нашиот капитен и тоа како има можност да го сруши овој рекорд.
Неговиот учинок на изминативе натпревари е 8,8 голови во просек, што значи дека шансите тој да влезе во историјата како најдобар стрелец на едно Европско првенство се повеќе од реални. Останува само да му посакаме среќа во петок на Лазаров и секако на целата репрезентација и да имаме двојна радост, петто место на ЕП и Македонец најдобар стрелец во историјата на еден континентален собир.
извор: Курир
пиши му на
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
