Навивање за пример, македонецот и србинот, како браќа сложно го проследија овој натпревар, а знамињата беа едно до друго до последниот свиреж на судијата.
Резултатот наизменично се менуваше, на моменти водеше Србија, па Македонија, што за овие двајца навивачи не претставуваше проблем сложно да навиваат до крајот. Баш онака како што треба. Секоја чест, браво!