gototop
Македонскиот капитен Кирил Лазаров со 10 погодоци беше најдобриот наш ракометар во победата на Македонија со 22:19 над Србија во клучниот натпревар од групата „Еден“.

bravo-kire

На прес-конференција по завршувањето на мечот Лазаров изјави дека Македонија со оваа победа е многу блиску до олимписките квалификации и истата особено ја посвети.

- Оваа победа им ја посветувам на цела Македонија, на мојот син и на Тоше Проески, изјави капитенот Лазаров по мечот.

Доколку Унгарија вечерва ја победеше Хрватска, тогаш Македонија без разлика н исходот од дуелот во петок ќе обезбедеше пласман во квалификациите за Олимпијадата, но сепак Словенија остана на третото место, па со нив во петок директно ќе се судриме за пласман во квалификациите на ОИ.

-Жалиме што Унгарците не ги победија Хрватите, па сега со Словенија ќе треба да играме за квалификации, што значи дека следува уште една борба, изјави Лазаров.

извор: Курир

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
mojot-grad