gototop

Селекторот на Србија Веселин Вуковиќ по победата на неговата селекција над Шведска најави дека во последното коло нема да настапи во најсилниот состав.

vukovic1

Дуелот со Србија, доколку резултатите на другите две средби одат во наша корист, на нашите ракометари може да им донесе историски успех и пласман во полуфиналето на Европското првенство. Секако, ние треба да славиме во дуелот со домаќинот, задача која може да ни ја олесни последната изјава на нивниот селектор Веселин Вуковиќ.

„Не сакам да калкулирам со можниот противник во полуфиналето, сè е можно. Најдобро е да ги испочитуваме играчите на кои им треба одмор пред полуфиналето и да ги одмориме против Македонија. Мораме што подобро да ги опоравиме момците за главните натпревари кои следуваат“ - изјави Вуковиќ.

Со тоа тој го најави она и што се очекуваше за утрешната средба, а тоа е одмор за играчите кои се носители на играта на Србија во средбата која на нив не им значи ништо. Домаќинот на ЕП со триумфот над Шведска и поразот на Германија од Данска го обезбеди првото место во групата, по што логично е да добијат одмор главните играчи во домашната селекција.

Извор: Курир

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
mojot-grad