gototop

klitchkoДерек Шисора очигледно беше дојден во Минхен да си игра мајтап со Кличко, но мора да се признае дека имаше храброст за такво нешто.

Англичанецот издржа 12 рунди и загуби по судиската одлука, но за малку ќе имаше и 13. рунда откако братот на Виталиј, Владимир тргна да му објасни неколку работи околу културата и однесувањето кон актуелниот светски шампион.

Пред почетокот на борбата, Шисора повторно извади глупост пред камерите кога го плукна или подобро кажано, „испрска“ со вода, лицето на Владимир.

 

Сепак, до поголем инцидент не дојде на самиот почеток бидејќи Украинецот ја задржа смиреноста и практично не мрдна. Додуша малку се облизна и насмевна, ама тоа веројтно му дојде инстинктивно.

Што се однесува до мечот, Виталиј Кличко го стори она што требаше за да победи. Иако сите предвидуваа ѕвер во рингот којшто ќе го изеде Шисора по неговите провокации, меѓу јажињата се појави вистински модерен спортист којшто не ги загуби нервите и тактички го доби мечот.

Шисора од самиот старт без респект влезе во борбата и ја „освои“ средината на рингот обидувајќи се да биде поблиску до противникот имајќи ги предвид неговите долги раце. Токму затоа „изеде“ многу од десниот директ на Виталиј во обид да се приближи, за на крајот да не стори апсолутно ништо.

Единствено по што ќе се памети оваа борба е провокациите на Англичанецот, нешто коешто веројатно и самиот го знаеше, па се одлучи на таков чекор.

В.Н. | бркајработа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
mojot-grad